7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlcatel-Lucent ќе oтпушти 10.000 работници

Alcatel-Lucent ќе oтпушти 10.000 работници

alcatel-Lucent

Компанијата за телекомуникациска опрема „Alcatel- Lucent“, која со години се обидува да се справи со економската криза, денеска потврди дека ќе отпушти 10 илјади работници.

Ова скратување на работните места во целиот свет се дел од рамките на планот за реорганизација на компанија.

Поради финансиските тешкотии со кои се соочува „Alcatel- Lucent“, првите луѓе на компанијата сакаат да ги намалат постојаните трошоци со над 15 проценти до 2015-та година.

Целта на групацијата, која минатата година загуби 1,3 милијарди евра, е да ги ограничи трошоците на 1 милијарда евра, за да се врати на патот на профитабилноста, пренесуваат светските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП