1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИако е во кинески раце, има богата традиција! Ова е новиот родстер...

Иако е во кинески раце, има богата традиција! Ова е новиот родстер на „MG“ (ФОТО/ВИДЕО)

Зад некогаш познатото име од островот денес стои кинескиот „SAIC“, кој на најдобар можен начин го комерцијализираше некогашниот британски бренд и сопственото знаење. Од неколкуте нови модели, од кои многумина забележаа драстичен пораст на продажбата на европско тло, можеби најинтересен е „MG Cyberster“.

Како концепт беше најавен уште во 2021-ва година, а потоа годинава осамна во продукциско издание, на фестивалот на брзина во Гудвуд. Набрзо беа објавени техничките податоци, а сега се направени и првите тестови.

„Cyberster“ е електрично купе и првиот спортски „MG“ што се појави на пазарот по пауза од три децении. Имено, толку помина откако овој бренд го претстави последниот спортски модел (базиран на „Rover“).

Ова сега е далеку покомплексен производ и еден од оние модели што може да означат пресврт во кинеската автомобилска индустрија.

Го придвижуваат два електромотори кои заедно произведуваат 544 ks и 725 Nm. Станува збор за верзија со AWD погон, а забрзувањето до 100 km/h е 3,2 секунди.

Оваа опција има батерија од 77 kWh со која досегот според кинескиот CLTC е одлични 580 km.

Тежината на возилото не е мала, речиси два тона, но автомобилот одлично се однесува на патот. Дел од заслугите одат на докажаната механика, вклучително и сопирачките на „Brembo“, но и на стручниот тим во кој е и Ф1 инженерот Марко Фаинело.

Сето ова е надополнето со врвна опрема предводена од аудио систем „Bose“ и мултимедијален систем напојуван од чип Qualcomm Snapdragon 8155 и графика Unreal Engine 4.0.

Цената засега не е позната, но овој автомобил во Кина би можел да чини нешто повеќе од 30.000 евра кога е во прашање основната верзија со заден погон и помала батерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП