3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Jeep“ подготвува ривал на „BMW iX“

„Jeep“ подготвува ривал на „BMW iX“

Иако првенствено е дизајниран за американските купувачи, новиот петметарски луксузен теренец на „Jeep“, кој може да се смета и за електрифициран ривал на „Range Rover Sport“ и за директен пазарен ривал на „BMW iX“, исто така ќе пристигне на Стариот континент во 2025-та година.

Моделот ќе дебитира на американскиот пазар оваа година. Дизајнот на автомобилот е и префинет и авантуристички – линиите на каросеријата зборуваат за импресивна префинетост и благородност, но има и типични пропорции на „Jeep“ и детали кои укажуваат на сериозен теренски карактер.

Модерната интерпретација на корпоративната решетка со седум вертикални летви изгледа доста импресивно.

Целосно електричниот погон ќе генерира околу 600 коњски сили, а очекуваниот опсег со едно полнење е над 500 километри. Според актуелните планови на концернот „Stellantis“, марката „Jeep“ од 2030-та година во Европа ќе продава само електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП