3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac го претстави новиот Escalade

Cadillac го претстави новиот Escalade

escalade0

„Cadillac“ ги објави фотографиите и техничките детали од четвртата генерација на луксузниот „SUV“ модел „Escalade“, чие производство ќе започне во пролетта 2014-та.

„Escalade“, како препознатлив симбол на моќ, не претрпи драстични промени во дизајнот. Поради тоа американскиот производител ја задржа основната стилска концепција на својот голем „SUV“ автомобил.

Карактеристичната коцкаста форма остана непроменета, но предниот дел доби современ изглед, во согласност со најновите модели на „Cadillac“. Една од неговите карактеристики се „LED“ светлата во повеќе сегменти, чии куќишта се поставени подлабоко во предните крила.

escalade11

Стоп светлата се искулчително тесни и продолжени по вертикала, па се простираат до самиот покрив.

Новиот „Escalade“ има и трет ред на седишта како стандарден дел од опремата, а четвртата генерација на овој модел ќе биде достапна во две верзии.

Стандардниот модел има меѓуосовинско растојание од 2.946 mm, додека должината изнесува 5.180 mm. Кај продолжената верзија растојанието меѓу предната и задната основа е 3.302 mm, a возилото е долго 5.698 mm. Предностите на подолгиот модел се рефлектираат во дополнителниот простор за патниците во третиот ред на седишта и поголемиот багажник.

escalade22

За возилото со така големи димензии одбрани се и одговарачки тркала, 20 инчни алуминиумски бандажи како стандардни, додека како опција се достапни и тркала од 22 инчи.

Поголеми разлики во однос на претходниот модел може да се видат во кабината. Внатрешноста е модернизирана и опремена со уште поквалитетни материјали.

Највпечатлива промена претставува дигиталниот 12.3 инчен екран кој ја замени класичната инструмент табла. На централната конзола доминира екранот со мултимедијалниот „CUE“ систем.

escalade33

За еден вака луксузен модел задолжителни се и содржини како греењето и ладењето на седиштата, а за целовкупното доживување на престижот допринесуваат и материјалите од кожа и дрво.

За на патниците возењето да им биде уште попријатно, подобрена е звучната изолација на кабината, а тие на задните седишта може да уживаат во аудио и видео содржините кои се репродукцираат преку Blu-Ray/DVD плеер и деветинчниот екран.

Подобрен е управувачкиот систем и шасијата, а како стандард „Escalade“ има „Magnetic Ride Control“ систем за суспензија.

escalade44

Во новиот „Escalade“ вградени се и бројни безбедносни системи. Покрај стандардните воздушни перничиња, тука е и централно поставениот „airbag“ кој се активира меѓу возачот и сувозачот.

Покрај должината на каросеријата, купувачите ќе можат да одберат и помеѓу моделот со „2WD“ и „4WD“ погон. Силата ќе ја испорачува 6.2 литарскиот V8 мотор со директно вбризгување кој произведува 426 ks (313 kW) и максимален вртежен момент од 623 Nm. Моторот е поврзан со шестбрзински автоматски менувач.

Податоците за потрошувачката и цената се уште не се соопштени, а четвртата генерација на „Cadillac Escalade“ во продажните салони ќе пристигне во пролетта 2014-та година.

escalade55

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП