3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОсмани: Постои опасност некои кругови во Бугарија да се обидат да ги...

Османи: Постои опасност некои кругови во Бугарија да се обидат да ги злоупотребат бугарските пасоши

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) изјави дека е свесен за опасноста некои кругови во Бугарија да се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани, кои поседуваат бугарски пасоши.

„Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене, поголема закана е дека сè додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини“, вели Османи во интервјуто за ФАЦ, пренесе „Дојче веле“.

Сепак, според Османи, уставните измени ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија.

Османи рече и дека е прилично сигурен оти Бугарија постојано ќе формулира нови барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП