18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFB сеуште прв, Google+ го надмина Twiter

FB сеуште прв, Google+ го надмина Twiter

FB-vs-TW-vs-Google+

Според извештајот кој го објави „Global Web Index“, „Facebook“ и понатаму е убедливо најпопуларна друштвена мрежа, но на второто место сега се наоѓа „Google+“  бидејќи го надмина „Twitter“ по број на корисници.

„Global Web Index“  прати 31 земја од светскиот пазар, кој претставува 90 отсто од вкупниот број корисници на интернет. Нивните резултати покажуваат дека дури 51 отсто од корисниците на интернет во светот, користат „Facebook“. „Google+“  сега се наоѓа на второто место со 25 отсто корисници, а „Twitter“ е трет со 21 отсто.

Кога тие податоци ќе се претворат во бројки, тоа значи дека „Google+“ има 343 милиони активнио корисниоци, а „Twitter“ нешто помалку од 300 милиони. Кога ќе се земат во предвид и пазарите до кои  „Global Web Index“ немаше пристап, „Facebook“ има нешто повеќе од милијарда корисници.

„Facebook“  забележал раст во бројот на корисници од 33 отсто, „Google+“ од 27 отсто, а „Twitter“ дури 40 отсто.

Поради зголемената популаност на глобалните друштвени мрежи, некои локални друштвени мрежи кои што порано биле доста популарни, како што се јужнокорејската „Me2Day“ или германската „StudioViz“, бележат се поголем губиток на активни корисници.

Растот на бројот на активни корисници на глобалните друштвени мрежи, може да им се припише и на апликациите за мобилни уреди и на оперативните системи Android и iOS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП