2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ воведува нов стандард и се откажува од обичните „М“ верзии

„BMW“ воведува нов стандард и се откажува од обичните „М“ верзии

При претставувањето на „X5“ и „X6“ во верзијата „M“, „BMW“ одлучи да ги прикаже само варијантите „Competition“. Ова не е случајно, бидејќи тие сега добиваат статус на главни претставници на линијата „М“.

Во „BMW“ се свесни дека со воведувањето на линии како, на пример, „M440i“, ги направија моделите „М“ излишни. Тоа го призна и шефот на одделот „М“, Френк ван Мил.

„Откако „BMW M“ ја претстави линијата „Competition“, таа стана стандард во гамата „M““, откри Ван Мил за „Car Throttle“.

Кога се ќе се земе предвид, излегува дека „BMW M3 Competition“ ќе биде стандардна понуда на моделот „М“, а специјални ќе бидат „CS“, „CSL“ и можеби некои други. Како резултат на тоа, се чини дека влезот во светот на моделите на „BMW M“ сега ќе биде уште поскап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП