3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Труд“: Нова мода - на пазар во Македонија

„Труд“: Нова мода – на пазар во Македонија

getImageThumbnail

Во септември кога почнува сезоната во Бугарија за правење зимница, од благоевградскиот регион се упатува карван од автобуси кон Македонија, пишува бугарскиот весник „Труд“.

Најредовна е линијата Благоевград-Делчево. Во саботите на автобуските станици има метеж како на селски собор.

Баби, дедовци, учители, лекари, „грабнале“ по неколку торби и прават пресметки во движење колку килограми пиперки им требаат за лутеница, колку за ајвар.

Стотици лица се упатуваат на пазарот во Делчево, оддалечен само 37 километри. Патот не се чувствува, границата се минува лесно, со лична карта. На пазарот сите се како роднини, а повеќето им се обраќаат со имиња на трговците, наведува весникот во репортажата под наслов „Нова мода – на пазар во Македонија“.

– Не гледај, туку купувај. И кај нас зеленчукот е убав и не се наплаќа да пробаш. Но, тука се е вкусно и еколошко. Затоа си правиме лутеница со македонски зеленчук, раскажува бабичка од село Логодаш.

Повозрасните носат списоци со порачки, за снаите, ќерките, за комшивките. Покрај пиперките, меѓу бараните македонски производи се и шеќерот, сирењето и оризот.

Македонците, пак, кога ќе дојдат во Благоевград најчесто купуваат моцарела и камамбер. Во Бугарија често одат и за евтини и убави чевли, блузи и палта, затоа што во Македонија биле поскапи.

Барани се и старите автомобили од Бугарија. Кога ќе се направи пресметка колку чинат производите во Македонија и во Бугарија за некои производи разликата не е голема, но важи изреката дека ако си купил нешто во странство е поубаво.

Нова трговска врска за благовеградчани во Македонија се и стоматолошките услуги. Велат дека пломбите таму им ги наплаќаат по 15 лева, а за 10 лева вадат заб. Расте и трговијата со лекарства.

Евтини се сите лекарства, но најчесто се купуваат за онколошки заболувања, што во Бугарија се трипати поскапи, пишува „Труд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП