28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските богаташи никогаш побогати

Германските богаташи никогаш побогати

germany121

Германските „супербогаташи“ се побогати од било кога, а на чело на листата на најмоќните се наоѓа и основачот на ланецот супермаркети „Aldi“, наведува германскиот магазин „Менаџер“.

Никогаш претходно супербогаташите не биле богати како денес, никогаш претходно немало волку милијардери, дури 135, што е рекорд“, наведува магазинот „Менаџер“, кој ја состави листата со 500 најбогати Германци, пренесува агенцијата Франс прес.

Заедничкото богатство на 100-те најбогати германски милијардери е зголемено за 5,2 проценти во однос на претходната година на 336,6 милијарди евра, надминувајќи го претходниот рекорд од 324,6 милијарди од 2008 година, пред почетокот на светската економска криза.

На врвот на листата се основачите на ланецот супермаркети „Aldi“. Еден од основачите на „Aldi“, Карл Алберт (93) е тежок 17,8 милијарди евра и најдолг период се наоѓа на врвот на листата на богаташи во светот. На листата на Форбс, тој се наоѓа на 18-тото место.

На второто место се наоѓа семејството на Ти Алберт Јуниор и неговиот починат брат Бертхолд, ко-основач на компанијата „Aldi Nord“, во чија сопственост е и амeриканскиот ланец „Trader Joe`s“.

На третото место со 13 милијарди се наоѓа Дитер Шварц, сопственик на ривалскиот ланец „Lidl“ и „Kaufland“.

Меѓу богаташите на листата се и основачот на софтверскиот гигант „SAP“, Хасо Плантер со 6,2 милијарди евра, претседателот на компанијата за производство на играчки „Playmobile“ Хорст Брандштетер со 1,35 милијарди и поранешниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер со 650 милиони евра.

„Менаџер“ составува листа на основа на проценката за вредноста на капиталот, акциите, уметничките дела и имотот во сопственост на богаташите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП