2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСакаат да пијат вино и ракија, ама бегаат од лозје како од...

Сакаат да пијат вино и ракија, ама бегаат од лозје како од ѓавол

Сѐ повеќе огласи за продажба на лозја се појавуваат на интернет и во локалните медиуми, но интересот за нив е минимален.

Многу лозари се откажуваат од својот земјоделски бизнис поради ниските цени на грозјето, високите трошоци за одржување и недостаток на работна сила.

Еден од нив е и Јован од Неготино, кој веќе три години се обидува да го продаде своето лозје од 10 хектари, но без успех.

Тој во разговор за Денар вели дека никој не сака да купи лозје, бидејќи тоа бара многу труд и посветеност, па луѓето не сакаат да си стават „трн во здрава нога“ и да преземат обврска.

„Лозарството не е како пред 20 години кога грозјето се плаќаше добро и имаше доста работници. Сега цената на грозјето е мизерна, а треба да платиш скапо за прскање, кроење, берба… А и нема кој да работи, младите не сакаат да се занимаваат со ова, тие сакаат да одат во град или во странство”, објаснува нашиот соговорник.

Екипата на Денар се јави на оглас за продажба на лозје во Кавадарци, кој е објавен во далечната 2018 година и кој сѐ уште е активен.

За наше изненадување, лозјето сѐ уште се продава, а сопственикот ни кажа дека многу ретко му се јавуваат луѓе за да се распрашаат за лозјето.

„Не знам што да кажам, ама лозјето го продавам цели 5 години и никако не можам да го продадам. А на многу убаво место е и многу убав род дава. Но, очигледно никој повеќе не сака да вложува пари во земја, туку сите бараат начини како да ја напуштат државата. Луѓето не сакаат да купуваат ниви, а ако веќе имаат пари, тие ги вложуваат во друг бизнис. Никој веќе не сака да се занимава со лозарство“, ни изјави сопственикот.

кспертите предупредуваат дека ова може да има сериозни последици за винската индустрија, која е секако значајна за економијата на земјата.

Тие апелираат на државата да преземе мерки за поддршка на лозарите и стимулирање на инвестициите во овој сектор.

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека површините со лозје се намалуваат од година во година. Во 2021 година, на пример, тие површини изнесувале 23.776 хектари, а лани биле 23.425 хектари. За споредба, во 2018 година површините под лозја биле 24.088 хектари. 

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП