7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаевте? Ова е најздравиот начин за подготовка на јајца

Дали знаевте? Ова е најздравиот начин за подготовка на јајца

Бидејќи скоро сите сакаме да јадеме јајца подготвени на различни начини, откриено е и кои се најздрави и најдобри за организмот.

Јајцата се омилен дел од појадокот или кој било друг оброк на многумина, а освен тоа ги има во голем број јадења, па не можеме да си ја замислиме исхраната без нив.

Кајгана, поширани јајца, варени – има многу начини за подготовка на оваа храна, но експертите открија која е најздрава.

Според истражувањето објавено во The Journal of Nutrition, јајцата најдобро ќе ја зачуваат својата хранлива вредност доколку се консумираат варени.

Варењето јајца ја уништува и евентуалната салмонела и го зголемува нивото на протеини во нив за дури 40 отсто, што прави да се чувствуваме сити.

Доколку јајцата се подготвуваат во форма на омлет или кајгана, што подразбира многу високи температури и количини на масло или маснотии, нивото на витамини и антиоксиданси во нив се намалува, а во исто време се активира и нивото на холестерол, што се зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Споменатото истражување покажало и дека јајцата најдобро се подготвуваат со поширање, што значи дека белките и жолчките се ставаат во топла, но не зовриена вода и се варат до 3 минути. Истовремено, се препорачува никогаш да не додавате сол во водата во која ќе ги поширате јајцата, бидејќи така ќе ја разредите белката.

Јајцата се добар извор на биотин, кој е важен нутриент кој се користи во метаболизмот на мастите и шеќерот. Познат е и како витамин Б7 или витамин H.

Една студија покажа дека човечкото тело може да користи 91 отсто од протеините од варени јајца, во споредба со само 51 отсто од сировите јајца. Се верува дека оваа промена се случува за време на варењето, бидејќи топлината предизвикува структурни промени во протеините на јајцата.

Во суровите јајца, големите протеински соединенија се одвоени едни од други и се споени во сложени, извиткани структури. Кога протеините се варат, топлината ги раскинува слабите врски што ги држат во формата. Протеините потоа создаваат нови врски со другите протеини околу нив. Тие нови врски во варено јајце се полесни за вашето тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП