21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција во 2014 ќе излезе од рецесија

Грција во 2014 ќе излезе од рецесија

atina1

Грција ќе излезе од рецесија во 2014 година, со економски раст од 0,6 проценти по шестгодишниот пад, покажува нацрт-буџетот кој го претстави грчката влада.

„Предвидуваме излез од рецесијата во 2014 година. Жртвувањата кои ги трпеа грчките граѓани, по болниот период вродија со плод, имаме први знаци на излез од кризата во наредната година“, изјави заменик министерот за финансии на Грција, Христос Стаикурас.

Нацрт-буџетот на Грција, која шест години е во рецесија, предвидува дека во 2014 година буџетот ќе има суфицит од 2,8 милијарди евра или 1,6 проценти од бруто домашниот производ.

Остварувањето на тој буџетски суфицит е клучен услов земјата да започне со преговрите со меѓународните кредитори, Европската унија и ММФ, за решавањето на должничката криза на таа земја, според договорот склучен на европскиот самит во ноември 2012 година.

„Прв пат се предвидува дека долгот ќе биде во надолна линија, благодарение пред се на буџетскиот суфицит, намалувањето на трошоците и продолжувањето на процесот за приватизација“, изјави министерот.

Грчката влада е оптимистична во поглед на намалувањето на стапката на невработеност, која во 2014 година би требало да се намали на 26 проценти од сегашните 27 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП