4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕлектронските цигари имаат никотин и предизвикуваат зависност

Електронските цигари имаат никотин и предизвикуваат зависност

Истрагата на лондонскиот дневен весник „Гардијан“ откри дека електронските цигари, т.н вапси, кои се продаваат на платформата „Amazon“ како „без никотин“ ја содржат оваа супстанца која создава голема зависност.

Тестирани се седум производи од интернет маркетот, за кои на веб-страниците на продавачите било наведено дека не содржат никотин, но во шест производи е утврдено дека ја содржат оваа супстанца, пишува весникот.

Нелегално е во Британија да се продаваат електронски цигари кои содржат никотин како производи „без никотин“. Во јули и август, потрошувачите изразија загриженост преку службата за клиенти на „Amazon“ дека електронските цигари, рекламирани како без никотин на таа платформа, всушност ја содржат таа супстанца, но тие добија одговор од „Amazon“ дека треба директно да контактираат со продавачите.

Дополнително, беше откриено дека некои електронски цигари имаат резервоар за е-течност над дозволената граница од 2 ml. Претходно овој месец, француските власти објавија дека во Франција ќе бидат забранети ваповите за еднократна употреба како дел од националниот план против пушењето.

Француската премиерка Елизабет Борн изјави за „RTL“ дека нејзината влада „наскоро ќе претстави нов национален план за борба против пушењето“, особено за забрана на електронски цигари за еднократна употреба, кои се популарни меѓу помладата популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП