3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧасовникот Tikker го одбројува времето до крајот на животот

Часовникот Tikker го одбројува времето до крајот на животот

saat umiranje

Во океанот од различни технолошки уреди има неколку необични предлози. Меѓу нетрадиционалните дефинитивно може да се вброи и рачниот часовник „Tikker“, бидејќи тој нема само да ви покажува колку е часот. Уредот ќе го одбројува и преостанатото време до крајот на животот.

Часовникот е дело на истоимената компанија и во моментов обезбедува финансии преку платформата „Kickstarter“. Според неговите творци, преку него светот може да стане подобро место и секој ќе биде стимулиран да вложува напори кои се потребни за да го направи својот живот таков каков што сонува да биде.

Носителот на „Tikker“ мора прво да пополни анкетна карта, во која се содржат бројни прашања за неговиот начин на живот. Па тој, освен што ќе го покажува реалниот час, ќе го одбројува и преостанатото време на корисникот.

„Не е важно колку време имате, туку што правите со него”, велат креаторите на уредот.

Тие сметаат дека со „Tikker“ секој ќе се потсетува да не ги остава негативните емоции да заземат поголем дел од времето и да се фокусира на правење добри и позитивни работи .

Се разбира, не постои гаранција дека ќе живеете само колку „Tikker“ ќе предвиде. Но според неговите творци тоа е дополнителен мотив за корисникот да го подобри животот максимално брзо и да не ги остава промените за „друг ден“.

Ако ги собере потребните 25 илјади долари, „Tikker“ ќе почне да се продава во пролет следната година. Неговата цена ќе биде околу 40 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП