2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Cisco“ ја купува компанијата за сајбер безбедност „Splunk“

„Cisco“ ја купува компанијата за сајбер безбедност „Splunk“

„Cisco“ ја презема компанијата за софтвер за сајбер-безбедност „Splunk“ за 157 долари по акција во нејзиниот најголем договор досега, проценет на околу 28 милијарди долари, соопшти компанијата.

Технологијата на „Splunk“ им помага на организациите да ги следат и анализираат нивните податоци за да го минимизираат ризикот од хакерски напади и побрзо да ги решат техничките проблеми. „Cisco“ долго време е најголемиот светски производител на опрема за компјутерска мрежа и го зајакнува својот бизнис со сајбер безбедност за да ги задоволи барањата на клиентите и да поттикне раст, се вели во соопштението на компаниите.

Извршниот директор на „Cisco“, Чак Робинс, ја нагласува важноста на вештачката интелигенција и искористувањето на моќта на вештачката интелигенција што доаѓа со технологијата на „Splunk“ за безбедни мрежи.

„Од откривање и одговор на закани до предвидување и спречување закани, ќе им помогнеме на организациите од сите големини да станат побезбедни и поотпорни“, рече Робинс во соопштението.

Договорот се очекува да се затвори во третиот квартал на 2024-та година, со цена еквивалентна на околу 13% од пазарната капитализација на „Cisco“ – прилично голема бројка за компанија која генерално избегнуваше блокбастер зделки до сега, објави „CNBC“.

Пред „Splunk“, најголемата зделка на „Cisco“ беше купувањето на производителот на кабелски сет-топ кутии „Scientific Atlanta“ во 2006-та година за 6,9 милијарди долари. Во тоа време, пазарната капитализација на „Cisco“ беше нешто повеќе од 100 милијарди долари.

Во 2023-та година, „Cisco“ купи уште четири компании фокусирани на безбедноста: „Armorblox“, платформа за откривање закани, „Oort“, компанија за управување со идентитетот и „Valtix“ и „Lightspin“, кои работат во сегментот на безбедност на облак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП