
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ ноќеска го имаше своето деби за новата екипа Атланта.


Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ ноќеска го имаше своето деби за новата екипа Атланта.
Во рамките на подготовките за претстојната НБА сезона Атланта загуби од првакот Мајами со 92:87 (25:16; 24:14; 23:26 и 20:31). За нецели 16 минути Антиќ постигна една тројка, а натпреварот го заврши со три поени и
четири скокови.
Шампионот Мајами на полувремето имаше убедлива предност од +19 (49:30), а најефикасен
беше Крис Бош со 21 поен, додека Леброн Џејмс заврши со 9 поени. Атланта вечерва ќе игра против Шарлот.