7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon отвора центри во Полска

Amazon отвора центри во Полска

amazon3

„Amazon“ ќе отвори три нови логистички центри во Полска до 2015 година, што ќе доведе до отворање на 6.000 нови работни места, се вели во соопштението од компанијата.

„Одушевени сме што „Amazon“ доаѓа во Полска. Отворањето на три големи логистички центри и неколку илјади работни места се од големо значење за напредокот на нашата економија“, изјави заменик-премиерот на Полска, Јануш Пјехочински, пренесува агенцијата Франс прес.

Првите два центри ќе бидат отворени во текот на наредната година во Познан и Вроцлав, западна Полска, а третиот центар ќе започне со работа во Вроцлав во 2015 година.

Вестите доаѓаат во време кога неколку стотици работници во „Amazon“ во германските логистички центри започнаа со штрајк, откако компанијата одби да ги усогласи платите со просечните приходи во секторот за дистрибуција.

„Amazon“ во Германија вработува 9,000 лица, во осум логистички центри и два центри наменети за услуги за клинетите, а седиштето на компанијата се наоѓа во Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП