9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Кина продолжува да расте“

„Кина продолжува да расте“

sidzinping1

Кинескиот претседател Си Џинпинг е уверен дека економскиот раст во оваа земја и понатака е во пораст и покрај неодмнешниот економски застој.

„Сакам да истакнам дека целосно сум убеден во сигурната иднина на Кина. Длабоко сум убеден дека кинеската економија ќе го задржи својот безбеден раст“, изјави Си во своето обраќање.

Економскиот раст на Кина и останатите показатели се во рамките на очекувањата, додаде тој.

„Ние се насочивме повеќе кон подобрувањето на квалитетот и ефикасноста на растот. Кина мора да помине низ структурни реформи, дури и ако тоа значи жртвување на брзината“, изјави кинескиот претседател.

Тој изјави дека оваа земја влегла “длабоко во процесот на реформи“.

„Ако се двоумиме или сме несигурни, нема да успееме и сите претходни успеси ќе бидат изгубени“, додаде Си.

Кинескиот претседател изјави дека земјата има намера да ја зачува и стабилноста на целиот регион.

„Азиско-пацифичкиот регион е едно големо семејство, семејство на земји кои економски напредуваат во хармонија. Кина е подготвена да живее во пријателство со другите“, порача Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП