28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлаќачите на данок да платат и за неплаќачите, данокот за солидарност бизнисмените...

Плаќачите на данок да платат и за неплаќачите, данокот за солидарност бизнисмените го праќаат на Уставен суд!

Пратениците на парламентарното мнозинство не го послушаа гласот на бизнисот и го изгласаа Законот за данок на солидарност. Освен овој закон пратениците на власта гласаа и за зголемување на ДДВ-то на стотици прехранбени производи, а дадоа и зелено светло за измените во делот на данокот на добивка. Ваквиот игнорантски однос од страна на власта за стопанствениците значи тотално непочитување на компаниите кои всушност ги плаќаат оние кои треба да направат услови за водење бизнис.

Најголемите бизнис здруженија се револтирани со образложение дека двојно се одданочуваат компаниите кои најмногу ја полнат државната каса, и најавија оспорување на законското решение пред Уставниот суд.

Носењето на таканаречената даночна реформа како што велат од Сојузот на сотонски комори се само законски решенија кои се погубни и деструктивни за бизнисот. Од ССК додаваат дека на овој начин Владата испрати порака дека плаќачите на данок треба двојно да се одданочуваат за сметка на неплаќачите.

Според бизнисмените од оваа Стопанска комора во светот не постои ваков пример каде штро се носи закон за ретроактивен период, дополнително даноикот на солидарност според нив демотивира и дестимулира.

Од ССК велат дека плаќачите на даноци во Македонија треба дса плаќаат двојно за да ја пополнат дупката од оние несовени бизнисмени кои не плаќаат даноци.

-Погубен и деструктивен за бизнисот и за стопанството во целата држава е Законот за данок за екстра оданочување, популистички наречен данок на солидарност. Покрај што во самото создавање на законот воопшто не беа земени во предвид забелешките на тие што треба да го плаќаат, вака како што е донесен ќе направи непоправлива штета за компаниите. Законот пред сѐ се коси со начелата на бизнисот, со правата на инвеститорите и со исплатата на дивиденда. Трошоците за Данокот на „солидарност“ излегуваат надвор од деловните годишни планови, по затворање на фискалната година, распределбата на дивиденда, отсуствуваат од годишните инвестициски и развојни стратегии. Оној што малку се разбира во деловно и финансиско работење, знае колку погрешни се овие мерки и колку погубни резултати ќе има врз бизнисот, велат од ССК.

Од Стопанската комора пак се на став дека со носењето на Солидарниот данок нема никакво усогласување со директивите на Европската Унија, а тој се носеше по брза постапка односно со европско знаменце. И покрај тоа што се обратиле до највисоките државни институции како што се Претседателот на собранието, до премиерот, и до министерот за финансии да ги образложат негативните ефекти од носењето на овој Закон за данок на солидарност, носителите на политиките тоа не го земале за сериозно мислење, наведуваат од ова бизнис здружение.

За Стопанската комора станува збор за законско решение кое според нив има селективен пристап затоа што се опфатени само големите компании. Тие најавија дека овој закон веднаш ќе го оспорат пред Уставниот суд.

„Дестимулирање на успешните компании, кои се инвестициски ориентирани (со предложениот концепт на оданочување кој претпоставува споредба на остварениот просек на добивките во претходните четири години и добивката во 2022 година во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години, а остварувале помала добивка, во споредба со потенцијално зголемената добивка во 2022 година, која би ја оствариле како резултат на инвестиции. Во однос на проекциите за приходите од дополнителниот данок на добивка укажуваме дека ефектот кој се очекува од примената на истиот во смисла на обезбедување на дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот. Ваков данок, кој се носи ад хок, го нарушува начелото на почитување на правото и создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека соседните држави немаат воведено сличен данок., велат од Стопанската комора.

Според информациите законите од даночната реформа не ги поддржа опозициската ВМРО ДПМНЕ, односно пратениците на опозицијата гласаа против.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП