30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВодечките банки формираа своја социјална мрежа

Водечките банки формираа своја социјална мрежа

mreza

Група водечки меѓународни инвестициски банки создадоа сопствен систем за размена на оперативни бизнис информации помеѓу брокерите. Ова го соопшти денеска британската аналитичка компанија „Markit“, која стана оператор на новата мрежа.

„Всушност станува збор за создавање на своевиден банкарски  „Facebook“, со кој вработените во различни сектори на банките ќе можат да разменуваат деловни информации”, истакна претставник на британската банка „Barclays Bank“.

До моментов слична услуга предлагаше само „Bloomberg“. Сепак таа може да се користи само од страна на претплатниците на терминалите на Агенцијата. Во исто време тоа е толку популарна форма на разговор меѓу вработените Волстрит, па поради тоа банките се подготвени да платат 20 илјади долари годишна претплата за терминалите на „Bloomberg“.

Новата мрежа, наречена „Markit Collaboration Services“ е обезбедена од „Markit“ и „Тhomson Reuters“.

Сега банките создадоа сопствена затворена услуга за размена на пораки. Во групата влегуваат европските банки „Barclays Bank“, „Deutsche Bank“, „Credit Suisse“, американските „Citigroup“, „Goldman Sachs“, „JP Morgan Chase“, „Bank of America“, „Merrill Lynch“, „Morgan Stanley“, а исто така и информациската група „Thomson Reuters“ и „Markit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП