2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСтив Џобс половина успех го сведе на еден збор - и беше...

Стив Џобс половина успех го сведе на еден збор – и беше во право

Основачот на Apple и големиот визионер Стив Џобс не напушти пред речиси 12 години, но неговите идеи и деловни принципи сè уште се живи.

Во „морето“ на она што го остави зад себе, понекогаш наоѓате нешто толку едноставно, а сепак толку впечатливо – како неговата изјава за тоа што е основата на успехот.

„Убеден сум дека околу половина од она што ги одвојува успешните претприемачи од неуспешните е чиста – истрајност. Толку е тешко. Толку од својот живот вложуваш во една работа. Има моменти кои се толку тешки… што повеќето луѓе се откажуваат. Не ги обвинувам. Навистина е тешко“, рече еднаш Џобс.

И тоа е суштината. Ова не се однесува само на деловниот свет, туку и на сè што правиме. Упорноста не значи дека ќе бидеме најдобри на светот, дека ќе живееме од она во што истраеме, но секако значи дека денес ќе бидеме подобри од вчера, а утре подобри од денес. Ако истраеме. А кога упорноста ќе се измеша со талентот, добиваме совршена комбинација за успех.

Не сите сме талентирани за она што нè интересира, но сите можеме да истраеме.

Ако читаме секој ден, со текот на времето ќе ја подобриме концентрацијата, ќе знаеме подобро да се изразиме, подобро ќе го зборуваме јазикот на кој читаме и ќе создадеме „кондиција“ потребна за читање, па нема да ни биде чудно да прочитаме две книги неделно, можеби и повеќе.

Ако трчаме секој ден, со текот на времето ќе можеме да трчаме се повеќе и повеќе… Ќе имаме повисоко ниво на физичка подготвеност. Можеби на тој начин нема да стигнеме до маратонски титули, но ќе ги направиме најдобрите можни работи за нашето тело. Ако истраеме.

Такво нешто може да се примени апсолутно на се. Само ако одвоиме одредено време дневно, макар и половина час, ќе бидеме подобри во нешто. Ова е особено важи во ситуации кога никако не можеме да направиме нешто – или деловно, или аматерски или како обврска од одреден вид.

Затоа – обидете се!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП