6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвие модели на „iPhone“ следната недела ќе го добијат „iOS 17“

Овие модели на „iPhone“ следната недела ќе го добијат „iOS 17“

Оние кои имаат „iPhone SE 2“ или понов модел веќе во понеделник ќе можат да ја преземат новата верзија на оперативниот систем на „Apple“ – „iOS 17“.

Откако одржа голема презентација на новите „iPhone“ уреди и паметни часовници, „Apple“ објави дека новата верзија на мобилниот оперативен систем на компанијата, „iOS 17“, ќе биде достапна за преземање на 18-ти септември.

Следниве модели на „iPhone“ ќе добијат ажурирање на „iOS 17“:

„iPhone SE 2“

„iPhone XR“

„iPhone XS“, „XS Max“

„iPhone 11“, „11 Pro“, „11 Pro Max“

„iPhone 12“, „12 Pro“, „12 Pro Max“, „12 mini“

„iPhone 13“, „13 Pro“, „13 Pro Max“, „13 mini“

„iPhone 14“, „14 Plus“, „14 Pro“, „14 Pro Max“

„iPhone 15“, „15 Plus“, „15 Pro“, „15 Pro Max“.

Патем, „iOS 17“ носи голем број на нови промени. Секој од „iPhone“-ите што има услови да го инсталира новиот оперативен систем ќе добие подобрени основни апликации, системот „Check In“ и функцијата „StandBy“. Но, некои работи сепак ќе бидат резервирани само за поновите модели.

Како што беше најавено на почетокот на јуни, корисниците на „iPhone 12“ и поновите модели ќе можат да користат реакции засновани на гестови во проширена реалност на „FaceTime“, додека оние со постари модели на „iPhone“ нема да можат да го прават тоа.

Поновите „iPhone“-и исто така ќе добијат подобрувања во автоматската корекција на печатните грешки, додека моделите „Pro“ ќе имаат нова функција за пристапност наречена „Point and Speak“, која им помага на лицата со оштетен вид и слепите луѓе да комуницираат со текстот во нивната околина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП