4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМебелот на Bentley

Мебелот на Bentley

mebel

Добра вест за сите љубители на „Bentley“ – британската автомобилска марка пушти на пазарот серија на мебел под името „Bentley Home Collection“.

Оваа серија е инспирирана од внатрешноста на автомобилите на компанијата. Според дизајнерите луксузниот мебел поседуваат функционалност и е убава комбинација на традиционален и модерен дизајн во комплексни нијанси на слонова коска и темно.

mebel11

Куќиштето на фотелјите „Richmond“ може да биде покриено со кожа или да е направено од оревово дрво. Тапацирот може да биде од кожа или кадифе.

mebel22

Масата „Madeley & Kendal“ е со трапезоидна структура од криви дрвени панели и рабови покриени со кожа.

mebel33

Орманот „Sherbourne & Kingsbridge“ може да се нарача во висока и ниска веријанта, а е покриен со кожа. Има опција и неговата внатрешност исто така да биде тапицирана со кожа.

mebel44

Масичката за кафе „Harlow“ е со модерен дизајн и доаѓа во две големини.

mebel55

Последно, но не и најмалку важно, креветот „Canterbury“ е олицетворение на краен луксуз. Формите му се меки и заоблени со што многу личи на автомобилите на брендот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП