27 април, 2024
ПочетнаСВЕТ„КАДИРОВ Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА“: Украинската разузнавачка служба изнесе шокантни информации за...

„КАДИРОВ Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА“: Украинската разузнавачка служба изнесе шокантни информации за чеченскиот лидер

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров е во кома, соопшти Украинската тајна служба (ГРУ). Како што пренесуваат странските и украинските медиуми, претставникот на тајните служби на Киев, Андриј Јусов изјавил дека здравствената состојба на шефот на чеченската држава во последните денови значително се влошила.

Како што се наведува, се покажува дека влошувањето на неговата здравствена состојба не е последица на некаква повреда, туку веројатно веќе постоечки болести.

-Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не се работи за повреди. Останатите детали треба дополнително да се разјаснат. Долго време е болен, а зборуваме за системски здравствени проблеми – рече Јусов.

Здравјето на Кадиров, кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, предизвика загриженост и шпекулации за неговиот наследник, особено ако не успее да закрепне.

Некои експерти тврдат дека Русија би можела да се обиде да ја одржи стабилноста во регионот со назначување кредибилен наследник, додека други стравуваат дека ситуацијата може да доведе до зголемени тензии и нестабилност.

Во меѓувреме, не се објавени детали за болеста што го доведе чеченскиот лидер во оваа состојба. Забележано е дека оваа вест почнала да кружи на социјалните мрежи, додека на Телеграм има поврзани извештаи на руски и чеченски канали.

Во исто време, руската страна официјално не ја потврди состојбата на блискиот сојузник на Путин. Сега останува да се види како ќе се развиваат настаните и какви последици ќе има комата на чеченскиот лидер во регионот и односите со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП