19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазар на нафта: Реално очекувајте поголем јаз меѓу понудата и побарувачката

Пазар на нафта: Реално очекувајте поголем јаз меѓу понудата и побарувачката

Цената на суровата нафта „брент“ порасна за 20 отсто од крајот на јуни, достигнувајќи 90 американски долари за барел минатата недела.

Ова е резултат и од најавата на Саудиска Арабија и Русија за продолжување на намалувањето на производството на сурова нафта за 1,3 милиони барели дневно до крајот на годината. Глобалната побарувачка за нафта достигна ново рекордно ниво (103 милиони барели дневно во јуни и август), поттикната од сезоната, односно посилната потрошувачка на гориво за моторни возила и гориво за авиони. Така, понудата и побарувачката на пазарот на нафта повторно се стегаат, што ги турка цените на повисоки нивоа.

Одлуката на земјите од ОПЕК + да го продолжат намалувањето на производството од 2,5 милиони барели дневно до крајот на годината, во комбинација со солидната глобална побарувачка на нафта, е причината за одржување за просечната цена на нафтата брент на 90 американски долари за барел за последен квартал од 2023 година ( консензус: 85 долари за барел). Исто така, со оглед на сегашната ситуација, не се променија прогнозите за просечни 85 американски долари за барел во 2024 година и 75 американски долари за барел за нафтата Брент во 2025 година. Бидејќи се очекува забрзување на динамиката на енергетската транзиција, се очекува постепено слабеење на глобалната побарувачка за нафта, што последователно би требало да влијае на цените на долг рок.

Се чини дека напорите на земјите од ОПЕК + да ги зголемат цените на нафтата се исплатеа бидејќи суровата нафта од типот Брент надмина 90 американски долари за барел и може да остане помеѓу 90 и 100 долари за барел до крајот на годината. Врз основа на податоците од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), јазот меѓу понудата и побарувачката на нафта ќе се зголеми од 1,7 милиони барели дневно во вториот квартал на 2023 година на 4,5 милиони барели дневно во последниот квартал од 2023 годинал.

Повеќето членки на ОПЕК, со исклучок на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, сè уште не успеваат целосно да ги приспособат своите производствени квоти и да го снабдуваат пазарот со помалку барели од договореното. Ова може дополнително да го влоши недостигот на пазарот, кој доживува раст на побарувачката поради летните автомобилски и воздушни патувања, производството на електрична енергија и зајакнувањето на петрохемиските активности во Кина. Иако во есенските месеци, сезоната на ремонт на рафинеријата би можела привремено да ја намали глобалната потрошувачка на нафта, сепак се очекува зголемување на глобалната побарувачка на нафта за повеќе од 2 милиони барели дневно на годишно ниво (на 102,1 милиони барели дневно).

Глобалниот пазар на нафта ќе остане недоволно снабден во 2024 година, дури и ако се претпостави дека Саудиска Арабија ќе го прекине своето доброволно намалување на производството од 1 милион барели дневно. Се очекува САД и другите добавувачи само делумно да го ублажат влијанието на договорените намалувања на производството на нафта од ОПЕК +. И покрај атрактивниот развој на цените на нафтата, годишниот раст на производството на нафта во САД се очекува да забави до 0,3 милиони барели дневно следната година, во споредба со зголемувањето од 0,8 милиони барели дневно во 2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП