3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовинар покажа фосилизирани тела, тврди дека се вонземјани: „Не сме сами“ (ФОТО)

Новинар покажа фосилизирани тела, тврди дека се вонземјани: „Не сме сами“ (ФОТО)

Членовите на Мексиканскиот конгрес за време на вонредната седница на парламентот беа запознати со откритијата на мексиканскиот новинар и долгогодишен љубител на НЛО Хаим Мосан за наводното постоење на вонземјани.

За време на седницата во вторникот, мексиканските пратеници слушнаа од Мосан дека луѓето не се сами во универзумот, а им беа покажани и наводните остатоци од вонземјани. Мосан покажа две мали тела во кутии со по три прста на секоја рака и издолжени глави.

Новинарот рече дека телата биле пронајдени во Перу во близина на градот Наска во 2017 година и биле стари околу 1.000 години врз основа на анализа на Националниот автономен универзитет на Мексико. Се испостави дека слични наоди во минатото биле остатоци од мумифицирани деца, потсетува Ројтерс.

Мосан рече дека тоа е прв пат да се презентираат такви докази. Новинарот тврди дека телата што ги покажал не се поврзани со ниту еден вид на Земјата и дека се отворени сите можности научните институции да ги истражат.

„Овие примероци не се дел од еволуцијата на нашиот свет. Тие беа пронајдени фосилизирани во рудник за дијатомејска земја“, рече тој, додавајќи дека примероците биле анализирани од Националниот автономен универзитет во Мексико (УНАМ), а научниците кои успеале да ги добијат примероците од ДНК применетите радиојаглеродно тестирање за да се одреди нивната старост.

„Ние не сме сами во огромниот универзум, мораме да ја прифатиме оваа реалност“, рече новинарот кој тврди дека јавноста има право да учи за нечовечките суштества и технологии.

Директорот на Научниот институт за здравје на мексиканската морнарица Хозе де Хесус Залче Бенитез рече дека врз основа на ДНК анализа и рендген, како и 3-Д реконструкција, може да каже дека двете тела не се поврзани со човечки суштества.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП