3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПредности и недостатоци на заедничкото работење во брак

Предности и недостатоци на заедничкото работење во брак

zenamaz1

Кога кај брачните двојки се преклопуваат емоционалните и деловните односи, тоа си има свои позитивни и негативни последици, како во односот со партнерот, така и на работењето заедно.

Додека голем број на брачни парови сакаат да се поврзат и да работат заедно, другите се остри противници на тоа. Психолозите истакнуваат дека преклопувањето на емоционалните и деловните односи има и предности и недостатоци, што значи дека и позитивно и негативно може да влијае, како на односот меѓу партнерите, така и на заедничкото работење.

 

ПРЕДНОСТИ:

– Усогласено темпо на живот

Паровите кои работат заедно, истовремено се будат од спиење, доручкуваат и го пијат своето утрински кафе заедно, излегуваат и се враќаат дома од работа заедно. Имаат складен ритам на живот, кој во голема мера им го олеснува семејниот живот. Паровите кои не работат заедно, често им се вкрстуваат патеките, стануваат во различни времиња, работат, сами се враќаат од работа, патуваат во различни правци, имаат различни обврски, и понекогаш се гледаат само доцна навечер или за време на викендите. Оваа нерамнотежа води до расправии околу тоа кој ќе ги земе децата од градинка или кои ќе оди на родителски состанок, кој да купи намирници, заедничкото користење на автомобилот и др.

– Заеднички паузи за кафе

За време на паузите за кафе вработените можат да се дружат и да се релаксираат, а во тоа време енергијата е на високо ниво, па  и комуникацијата е поквалитетна. Таквите моменти може да ги зближат паровите кои работат заедно, да внесе освежување во нивниот однос и да го направи поубав нивниот работен ден. Паровите кои не работат заедно, и ваквите моменти ги поминуваат одвоено, исцрпени се после работа, и немаат енергија и волја да уживаат со партнерот во разговор и кафе.

– Работата не е напорна и непожелна тема

Разговорот за работата е издувен вентил против стресот, но може да биде голем товар за парови кои не работат заедно, особено ако постојано слушаме за луѓе, ситуации и проблеми со кои не им се познати. Луѓето во врска кои работат заедно, не се оптеретуваат едни со други ако треба да се продискутираат впечатоците после работа, и заедничките теми и проблеми на работа може да го зацврстат нивниот однос и да му дадат една нова димензија.

– Поквалитетен разговор

Брачните двојки кои работат заедно, имаат повеќе можност да зборуваат во четири очи, затоа што може да зборуваат за деликатни прашања и проблеми, не плашејќи се да бидат слушнати од страна на децата.

 

НЕДОСТАТОЦИ:

– Постојана врска

Понекогаш партнерите имаат потреба да се одморат еден од друг, да бидат со други луѓе, да направат некој вид на промена, која е невозможна доколку се 24 часа заедно. Секоја емотивна врска и брак има свои подеми и падови, и многу парови кои работат за истата компанија не може да ја одвојат работата од личниот живот, и со тек на време може да доведе до заситеност.

– Заеднички одмори и боледувања

Во малите фирми тешко е да се организираат двајца работници истовремено да одат на одмор,  а на партнерите тоа им е потребно. Покрај тоа, ако едниот се разболи, шансите се големи дека ќе се разболи и другиот партнер, па така се чести заедничките боледувања, како и слободните денови во случај на непредвидени настани.

– Љубомората

Ако едниот партнер има тенденција да флертува, а другиот е многу љубоморен и посесивен, тоа може да биде голем проблем доколку работат заедно. Партнерот кој се чувствува емотивно загрозен, постојано ќе го држи на око својот партнер, ќе изнаоѓа проблеми и таму каде што нема, со преувеличување на секој контакт на тој партнер што ќе го има со спротивниот пол. Недостатокот на доверба може целосно да ги уништи нивните односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП