28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Opel“ подготвува евтин модел за 2026-та

„Opel“ подготвува евтин модел за 2026-та

Една од најважните теми во автомобилскиот свет во 2023-та година е ценовната војна, која во моментов им предизвикува бројни проблеми на некои производители.

Ценовната војна ја предизвикуваат производителите на електрични автомобили од Кина, како и „Tesla“. Европските корпорации на различни начини пристапуваат кон целиот феномен. Некои се борат за пониски цени, други ги критикуваат ваквите постапки, а некои едноставно не можат да си го дозволат тоа.

Значи, дали ова значи дека ако сакаме да купиме евтин, но сигурен електричен автомобил, ќе треба да избереме кинески брендови? Излегува дека европските клиенти сепак не мора да бидат осудени на таква иднина.

Следната година „Citroën е-C3“ треба да биде достапен во Европа, како помал електричен хечбек чија основна верзија се очекува да биде со цена под магичниот праг од 25.000 евра.

Се чини дека сега во игра влегува и „Opel“. Јавната демонстрација на неговиот „Experimental“ концепт и премиерата на новите електрични верзии на „Astra“ и „Corsa“ се само дел од интересните информации. Флоријан Хуетл, управен директор на брендовите „Opel“ и „Vauxhall“, призна дека развојот на групацијата „Stellantis“ отвора сосема нови перспективи за нивните електрични возила.

„Со новите целосно електрични платформи од „Stellantis“, ќе можеме да понудиме цени што ни овозможуваат да допреме до многу поширока публика“, изјави Хуетл за медиумите.

Извештајот заеднички подготвен од „Automotive News Europe“ и „Reuters“ дополнително го проширува контекстот на оваа изјава. Електричниот автомобил на „Opel“ по цена од околу 25.000 евра би требало да го очекуваме само во 2026-та година, а веројатно е близнак на гореспоменатиот „Citroën е-C3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП