Русија и Северна Кореја не се заинтересирани за изјавите од САД, изјави во вторникот за руските новински агенции портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги предупредувањата на Вашингтон за севернокорејската продажба на оружје на Русија.
„Како што знаете, во односите со нашите соседи, вклучително и со Северна Кореја, ни се важни интересите на нашите две земји, а не предупредувањата од Вашингтон“, рече Песков, а пренесуваат руските агенции.

