21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците ќе одлучуваат за „буџетот за закрепнување“

Грците ќе одлучуваат за „буџетот за закрепнување“

gr1

Грчката влада денес на Пaрламентот ќе му го претстави прелиминарниот нацрт-буџет за 2014 година, од кој се очекува да покаже постепено подобрување во јавните финансии.

Притисната со долгогодишната финансиска криза, Грција од 2010 година зависи од меѓународните заеми од земјите-партнери од ЕУ и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

За возврат, нејзината економија е ставена под строг надзор на ММФ, Европската централна банка и Европската комисија, кои се познати како „Тројката“.

Досега беа претставени неколку круга од мерките за штедење со цел да се реформираат државните финансии и со цел да биде достигната целта за намалување на буџетскиот дефицит и државниот долг.

Министерството за финансии на Грција денес ќе го претстави прелиминарниот нацрт, а владата со Тројката заедно ќе ги услогласи деталите за буџетот за 2014 година, конечниот договор се очекува во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП