22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Компанијата „Слобода“ од Чачак склучи договори за поризводство на муниција и проектили во вкупна вредност од 80 милиони евра. – Во моментов сме во фаза кога ги усогласуваме новите обврски кои ќе овозможат ангажирање на капацитетие во следните три години, изјави директорот на „Слобода“, Зоран Стефановиќ, потсетувајќи дека неговата компанија извезува на традицоналните пазари на Блискиот Исток и Северна Африка, но и во Канада и Северна и Јужна Америка.

Белград – Србија ќе стане „мало баланско чудо“ доколку во соработка со Обединетите Арапски Емирати успее до крај да ги спроведе плановите за изградба на фабрики за чипови и за делови за авиони, изјави српкиот заменик-премиер Александар Вучиќ. – Ќе се залагам тоа да се случи, изјави Вучиќ, кој минатата недела потпиша неколку меморандуми за разбирање со шеик Халдун Калиф ел Мубарак, генералниот директор  на фирмата „Мубадале“ од Обединети Арапски Емирати.

Загреб – Хрватската компанија „Кончар – Инженеринг за енергетика и транстпорт“ (КЕТ) реализираше проект во Албанија за реконструкција на расклопни уреди во хидроцентралите „Вау И Дејес“, „Коман“ и „Фиерза“, во вкупна вредност од над девет милиони евра. Проектот е реализирана со кредит на Европската банка за обвова и развој (ЕБРД).

Загреб – Унгарската нафтена компанија МОЛ соопшти дека ќе го преиспита своето учество во хрватската индустрија за нафта ИНА. Според МОЛ, поради „кршењето на договорот“ склучен во 2009 година, хрватската страна повеќе нема право на првенство за откуп, доколку таа се реши да ги продаде своите акции во ИНА. – Сепак, МОЛ ќе се консултира со хрватската Влада, која во повеќе наврати изрази желба да има оперативна контрола (над ИНА). Затоа на Хрватска гледаме како на потенцијален купувач, се наведува во соопштението на МОЛ.

Подгорица – Црногорската Влада реши да подигне кредит од 100 милиони евра за обезбедување средства за финансирање на државниот Буџет. Како што соопшти црногорскиот министер за финансии Радоје Жугиќ, Подгорица се задолжила со дополнителни 100 милиони евра кај банката „Морган Стенли“. Кредитот е со каматна стапка од 5,85 отсто и рок на отплата од три години.

Љубљана – Надзорниот одбор на групацијата „Телеком Словенија“ донесе одлука за продажба на нејзината компанија во Албанија, „Примо Комјуникејшанс“. Продажбата е во рамките на напорите на групацијата за стратешко насочување и консолидација на нејзините компании и меѓусебно поврзаните активности. Продажбата претставува чекор кон консолидација на групацијата со цел зголемување на ефикасноста и конкурентноста, соопшти „Телеком Словенија“.

Берн – Швајцарските власти започнаа истрага која би требало да покаже дали некоја од банките во Швајцарија учествувала во манипулирањето со странските девизни курсеви. Швајцарската Федерална управа за надзор на баките (ФИНМА) соопшти дека започнала истага во соработка со властите на други држави, бидејќи се сомнева дека меѓу големиот број банки вмешани во скандалот со манипуалција со курсевите има и финансиски институции од Швајцарија. Во соопштението нема детали за истрагта, ниту информација кои швајцарски банки се осомничени за инволвираност во скандалот.

Брисел – Европската унија ќе започне антимоноплска истрага против руската компанија „Газпром“, поради сомнеж дека таа ги крши правилата на конкурентност во земјите од средна и источна Европа. – Сега подготвуваме писмен извештај кој ги содржи нашите забелешки, изјави еврокомесарот за заштита на конкурентноста Хоакин Алумнија. Извешатјот претставува формален чекор кој и овзоможува на обвинетата страна да одговори на забелешките, по што се носи конечната одлука за започнување на евентуална истрага.

Њујорк – Социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека наскоро планира да почне со продажба на свои акции на берзата, од што очекува да заработи до една милијарда долари. Котацијата на акциите на „Твитер“ следи откако во мај минатата година со продажба на своите хартии од вредност на берзата започна конкурентската социјална мрежа „Фејсбук“, која се соочи со бројни проблеми на стартот од тргувањето.

Вашингтон – До крајот на годината САД ќе станат најголем производител на фосилни горива во светот, надминувајќи ги Русија и Саудиска Арабија, објави „Вопстрит Џурнал“. Според весникот, САД ќе станат лидер во производствоотна нафта и гас во светот, благодарејќи на зголемената експлоатација на природен гас и на нафта од шкрилци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП