28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRepsol го продава делот во Gas Natural

Repsol го продава делот во Gas Natural

repslo

Сингапурскиот државен гигант во сферата на инвестициите „Temasek“ и кинеската нафтена група „Sinopec“ се натпреваруваат за купување на пакет акции во вредност од 4,7 милијарди долари од шпанската компанија „Gas natural“.

Претставници на двете компании се поврзале одделно со шпанската компанија „Repsol“, за да упатат понуди. „Repsol“ поседува околу 30 проценти од акциите на „Gas Natural“ и сака да го продаде поголемиот дел од пакетот со задржување на само 5 проценти.

Компанијата го продава својот дел за да се покријат огромните загуби кои ги инкасира по приватизацијата на својата сестринска фирма „YPF“ од страна на Владата на аргентинската претседателка Кристина Киршнер во април 2012-та година.

Од раководството на шпанската „CaixaBank“ која држи 12 проценти од акциите во „Repsol“ и 34 проценти во „Gas Natural“, ги одобриле „Temasek“ и „Sinopec“ како потенцијални купувачи.

Во февруари „Repsol“ најави продажба на дел од својот бизнис со течен природен гас на „Royal Dutch Shell“, а трансакцијата е со големина од 6.65 милијарди долари. Во плановите за стратешки инвестиции на групацијата за периодот 2012-2016 година се утврдени инвестиции во износ од 19 милијарди евра во странство, а 80 проценти од износот се предвидени за истражување и производство.

Поголеми инвестиции се предвидени во Бразил  (2 милијарди евра ), САД (2,3 милијарди), Венецуела (1,2 милијарди), Русија (400 милиони ) и 20 милиони во самата Шпанија .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП