18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаварски компании заинтересирани за бизнис-соработка со домашните фирми

Баварски компании заинтересирани за бизнис-соработка со домашните фирми

bayernfla

Баварски компании се запознаа со условите за водење бизнис во Македонија. Обновливите извори на енергија, особено делот мали хидроелектрани, автомобилската индустрија и машинството се најатрактивни за соработка со нашите фирми.

– Воодушевени сме од Македонија. Ги видовме трговските развојни зони и бевме запознаени со политиката за поттикнување странски директни инвестиции.

Македонската Влада навистина се труди да создаде конкретни услови за водење бизнис, рече Улрике Волф од баварското Министерство за економија на денешната прес-конференција.

Според неа, меѓу потенцијалните сектори за соработка е и здравствениот сектор во делот модернизирање на болниците.

– Првиот чекор не е реализирање инвестиција, туку воспоставување на врските меѓу компаниите. Ние тоа веќе го сторивме, истакна Волф. Евидентни се, додаде, напорите на македонската Влада и во инвестирањето во инфраструктурата каде допрва се најавуваат уште вложувања.

Како што рече министерот Бил Павлески, германските компании се веќе заинтересирани за детали пред евентуалното одлучување да инвестираат во земјава.

– Од соработката со нив многу брзо очекуваме конкретни резултати, напомена Павлески. Тој до крајот на овој месец ќе престојува во Нирнберг на манифестацијата „Инвестирајте во Македонија“ каде пред тамошните заинтересирани компании ќе ги презентира поволностите за водење бизнис.

Во Македонија од вчера престојуваат претставници на 16 компании од Баварија. Некои, главно од секторот мали хидроелектрани, доаѓаат вторпат за една година. м

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП