11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ претстави електричен спортски седан (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ претстави електричен спортски седан (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ го лансира својот седан „ID.7“, кој има задача да им конкурира на „Tesla Model 3“ и „BMW I4“.

Германскиот производител ќе понуди и караван верзија – нешто што „Tesla“ и „BMW“ не сакаат да го направат. Сепак, тие имаат моќни модификации на нивните модели, додека „Volkswagen“ засега нема.

Сепак, работите се очигледно пред промена, бидејќи компанијата од Волфсбург го претстави „ID.X Performance“ – концепт базиран токму на „ID.7“. Всушност, тоа ќе биде нејзината верзија со високи перформанси, чија сериска верзија ќе се појави во следните 2-3 години и ќе биде дел од семејството на „GTX“-модели кои ќе влезат во палетата на електрични автомобили на марката.

„VW ID.X Performance“ има многу малку заедничко визуелно со „ID.7“, освен општата форма на кабината. Предниот дел има голема црна решетка во основата на браникот и отвори за воздух на секој агол. Има и дифузер од јаглеродни влакна и тенка црвена лента во стилот на „GTI“ која се обвиткува околу целиот автомобил. Дебела црна пластика ги покрива лаците на тркалата, на кои се сместени спортски тркала од 20 инчи со специјални тркачки гуми.

Задниот дел носи масивен заден спојлер на капакот на багажникот, со дифузер од јаглеродни влакна во основата на браникот и истите црвени цевки на предниот и од страните на автомобилот се протегаат и на задниот дел. Концептниот модел е за 60 mm понизок од стандардниот „ID.7“, што го нагласува неговиот спортски карактер.

Во однос на перформансите, концептот „ID.X“ ја користи платформата „MEB“ која е основа на речиси сите актуелни е-возила на „VW“, со два електрични мотори кои произведуваат вкупно 550 ks. И исто како и„ ID.7“, концептот „ID.X Performance“ има капацитет за „DC“ брзо полнење од 200 kW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП