2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБил Гејтс инвестира во „лажно месо“

Бил Гејтс инвестира во „лажно месо“

mesochi1

Првиот човек на „Microsoft“ Бил Гејтс сака дел од своето богатство да го пренасочи во иднината на храната, па затоа одлучи да инвестира во компанија која произведува „лажно месо“.

Како што пренесува „Кварц“, Гејтс досега инвестирал непозната сума на пари во компанијата „Beyond Meat“, која се занимава со производство на храна од растително потекло, но која според изгледот и вкусот потсетува на месо од животинско потекло. Гејтс претходно оваа компанија ја нарече „една од трите кои ќе го обликуваат начинот на кој живееме“.

„Beyond Meat“ произведува повеќе видови на производи од „лажно пилешко“, со различни вкусови, а многумина велат, дека при конзумирањето на ова „лажно месо“ не може да се препознае разликата во однос на вистинското.

Освен новиот инвеститор Гејтс, зад проектот стојат и други великани како основачот на „Twitter“, Еван Вилијамс и Биз Стоун.

Се очекува дека „Beyond Meat“ ќе започне со дистрибуција на своите производи во цела Америка до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП