4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „Peugeot 3008“ е купе-SUV, засега само на струја (ФОТО)

Новиот „Peugeot 3008“ е купе-SUV, засега само на струја (ФОТО)

„Peugeot“ ги објави првите официјални фотографии од SUV моделот „E-3008“, а повеќе детали ќе објави по премиерата закажана за 12-ти септември.

Она што е интересно е дека новиот „3008“ моментално е претставен само со електричен погон, што го покажува ознаката „Е“ во името на автомобилот.

Кога станува збор за надворешниот дизајн, се очекува визуелна еволуција и модернизација на актуелниот модел. Го добивме тоа, но со многу агресивни линии и покрив чиј профил е повеќе наведнат кон задниот дел на возилото отколку што беше случајот со неговиот претходник, така што автомобилот сега е поблиску до формата на купе SUV.

Треба да се напомене и дека за љубителите на семејните возила со повеќе простор наскоро ќе пристигне и поголемиот „Е-5008“.

Францускиот производител претходно ја прикажа внатрешноста на „E-3008“, кој ќе биде првиот сериски модел кој ќе ја има најновата верзија на технологијата „i-Cockpit“.

Новиот, слободно стоечки заоблен панорамски дисплеј од 21 инчи ги комбинира дигиталната табла со инструменти и екранот на допир во една единица над малиот волан.

„Peugeot E-3008“ ќе биде и првиот модел базиран на новата механичка платформа „STLA Medium“, која на крајот ќе ја замени основата „EMP2“ на која се базираат бројни модели од различни марки „Stellantis“.

Официјално е потврдено дека теренецот ќе биде достапен со три електрични погони и ќе нуди автономија до 700 километри.

Платформата „STLA“ поддржува и мотори со внатрешно согорување, така што може да се очекува дека „E-3008“ наскоро ќе добие опција со бензински мотори (без буквата „Е“ во името), базирана на 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор со „лесна“ хибридна поддршка.

Иако сѐ уште нема официјални потврди за ова, се претпоставува дека „Peugeot“ ќе ја користи оваа опција и ќе им понуди на клиентите верзија со конвенционален погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП