20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale го зголемува уделот во Rosbank

Societe Generale го зголемува уделот во Rosbank

societegenerale2

Француската банка „Societe Generale“ одлучи да го зголеми уделот во руската банка „Rosbank“ на 92,4 процени со купување на дополнителни 10 проценти од уделот од втората по големина руска банка „VTB“.

Француската банка во последните неколку години потроши милијарди со цел да го прекине неповолниот тренд на работење во „Rosbank“, соочувајќи се со големи проблеми, како што е пронаоѓањето на замена за поранешниот извршен директор Владимир Голубка, откако беше обвинет за мито.

„VTB“ го купи уделот во „Rosbank“ во 2010 за кој сега ќе добие акции во руските компании, кредити и недвижнини во Русија, потврдија од „Societe Generale“ и „VTB“.

„VTB“ е под контрола на руската држава, а во мај тие објавија дека нивниот удел во „Rosbank“ не е стратешко инвестирање и дека преговараат за неговата продажба.

Од „Societe Generale“ соопштија дека денешната трансакција ќе има позитивен и половен финансиски ефект врз „Rosbank“.

„Societe Generale“ купи удел во „Rosbank“ во 2006 година. Меѓу останатите акционери се издвојува рускиот тајкун Владимир Потанин, кој некогаш со својот поранешен партнер Михаил Прохоров беше сопственик на „Rosbank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП