На 17-ти септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“- најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.
Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина- едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители.

