1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиена најдобар град за младите

Виена најдобар град за младите

viena

Главниот град на Австрија, Виена, кој веќе со години важи за еден од метрополите со највисок квалитет за живот, е прогласен за најдобро место за живот за младите луѓе.

Во рангирањето на американскиот онлајн портал „list25.com“, второто место му припадна на Њујорк. Меѓу првите десет градови се наоѓаат и Мелбурн, Дубаи, Ванкувер, Прага, Единбург и Париз, пренесува агенцијата АПФ.

Порталот, одлуката за Виена да биде на првото место ја објасни со тоа што Виена е „градот на соништата“ и „градот на музиката“ кој нуди речиси се за младите луѓе.

Историјата на Виена, културата, економијата, екологијата и едноставно фактот дека Виена е град со најдобар квалитет за живот, беа пресудни за освојувањето на првото место.

Повеќе од една четвртина од вкупното население  во Виена се млади лица од 26 години.

Само на оваа група на жители посветени се 1.000 вработени во градските служби.

„За сервисните услуги за млади, градот годишно издвојува 40 милиони евра“, изјави членот на Градскиот совет, Кристијан Оксоник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП