Компанијата „Canon“ со години доминира на пазарот за фотоапарати и камери, со пазарен удел од 46,5%, а има продадено 43,9% повеќе камери од својот следен конкурент „Sony“, кој има 26,1% пазарен удел.
Овој податок го сподели јапонскиот дневен деловен весник „Nikkei Shimbun“. Секако, треба да имате на ум дека „Canon“ сè уште произведува еден од најдобрите „DSLR“ во светот, заедно со фотоапаратите без огледала и компактни, кои го сочинуваат најголемиот дел од опсегот на „Sony“. Иако пазарот на „DSLR“ се намалува, „Canon“ сепак продаде 1,32 милиони модели, во споредба со 1,25 милиони фотоапарати без огледала на „Sony“.

