3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНутриционистите: Овие три намирници најмногу го зајакнуваат имунитетот

Нутриционистите: Овие три намирници најмногу го зајакнуваат имунитетот

Нутриционистот Енди Белати, кој дипломираше на универзитетот во Њујорк, откри за магазинот Бизнис инсајдер кои намирници треба да ги јадете доколку сакате да го зајакнете имунолошкиот систем.

Станува збор за јагоди, леблебија и бадеми.

Јагодите се исклучително богати со витамин Ц, а бадемите содржат голема количина на витамин Е, вели Белати. Освен што се силни оксиданси, овие витамини исто така играат голема улога во ензимските реакции на организмот.

Белати исто така истакнува дека една порција леблебија содржи 25 проценти од препорачната дневна доза на цинк, клучниот нутриент во одржувањето на правилното функционирање на одбранбениот механизам во огранизмот.

Можете да ги јадете печени, а доколку не сте љубител на нивниот специфичен брашнаст вкус, можете да ги сварите со кромид, да додадете ладно цедено масло и на тој начин да направите одлична салата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП