13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува расправата во Собранието по ребалансот на Буџетот

Почнува расправата во Собранието по ребалансот на Буџетот

sobr

Во Собранието на Република Македонија од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за оваа година. Предложениот ребаланс со кој се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на МОН е на дневен ред во Комисијата за финансирање и буџет.

Според предлогот, во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се додаваат 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни и 430 милиони денари во МОН за опремување лаборатории.

Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.

Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која оди добро и во првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари предвидената реализација.

Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП