ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД се поблизу до прогласување инсолвентност

САД се поблизу до прогласување инсолвентност

capitol

САД се се поблизу до прогласувањето платежна неспособност, откако претседателот на Долниот дом на Конгресот, Џон Бејнер, категорично ја исклучи можноста за усвојување закон што ќе и овозможи на Администрацијата да зема кредити, доколку претседателот Барак Обама не направи отстапки.

Во таква ситуација американскиот секретар за финансии Џејкоб Лу предупреди дека Конгресот „си игра со оган“ и ги повика конгресмените брзо да го усвојат законот, што ќе и овозможи на Администрацијата повторно да почне со работа и да се зголеми лимитот на државниот долг.

Лу изјави дека Обама и натаму е против прифаќање на барањето на републиканците за промени во Законот за здревствена заштита и за намалување на буџетските трошоци, во замена за усвојување на закон што ќе овозможи нормално функционирање на владините служби и зголемување на лимитот за земање кредити.

Бејнер нагласи дека претседателот треба да преговара, ако сака да заврши парализата на државната администрација и да се избегне прогласувањето инсолвентност, што може да предизвика финансиска криза и рецесија како во 2008 година. с

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП