10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC: Прва квартална загуба од 2002 година

HTC: Прва квартална загуба од 2002 година

H

Откако компанијата стана јавна во 2002 година, во „HTC“ бележеа само позитивни деловни резултати. Сега од компанијата го објавија извештајот за третиот квартал од оваа година, во кој „HTC“ за прв пат пријавува загуба, и тоа од 100 милиони американски долари.

„HTC“ е еден од лидерите на пазарот за Андроид платформата, но со текот на годините полека ја губи битката, најпрво поради големото влијание на „Samsung“. Последните негативни резултати се последица од неуспешниот обид на моделот „HTC One“ да го врати бројот на корисници.

Иако од компанијата тврдат дека продажбата на „HTC One“ е солидна, аналитичарите предвидуваат дека тоа нема да биде доволно за подобрување на финансиската ситуација. Големите трошоци за производство и маркетинг на моделот „HTC Onе“ ги надминаа приходите од продажбата.

Само во последната година вредноста на акциите на „HTC“ е намалена за 50 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП