6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците бараат финансиска безбедност за сите граѓани

Швајцарците бараат финансиска безбедност за сите граѓани

franci1

Граѓанските активисти во Швајцарија од државата бараат да распише референдум за предлогот да се воведе основна плата од 2,500 швајцарски франци за сите возрасни лица.

Активистите собраа повеќе од 100.000 потписи, колку што е потребно како услов за распишување на референдум.

Комитетот за граѓански активизам бара сите возрасни граѓани во Швајцарија, без исклучоци, да добиваат од државата месечна плата од 2.500 швајцарски франци (2,040 евра), со цел обезбедување на финансиска безбедност за целото население, пренесува Ројтерс.

Организаторите на референдумот на швајцарските власти им ги предадоа собраните потписи на граѓаните.

Швајцарските закони им дозволуваат на граѓаните да ги организираат овие популарни иницијативи кои им овозможуваат да го насмерат гневот на јавноста во директната политичка активност. Во оваа земја годишно се одржуваат неколку референдуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП