1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа младите фармери им треба идеја за квалитетно и исплатливо производство

На младите фармери им треба идеја за квалитетно и исплатливо производство

farmer-m

Младите фарми треба да имаат идеја за квалитетно, здраво и исплатливо производство, порачуваат експертите.

– Идејата  се добива и од барањето на потрошувачите, но пред да се прифати добро е да се проанализира, да се согледа дали е економски исплатлива, да се искалкулираат трошоците, да се знае дали ќе има и колкав ќе биде профитот. Дури потоа може да се размислува за бизнис план и да се конкретизира, рече универзитетскиот професор Миле Пешевски во излагањето на денешното годишно собрание на Мрежата на млади фармери на Македонија.

Професорката Сузана Кратовалиева ја истакна важноста на квалитетниот семенски материјал за земјоделството.

– Македонија има автохтон семенски материјал, но во последните години се поактуелен станува проблемот со увозот на семе кое не е адаптирано на нашето поднебје. За среќа во Македонија има рурални подрачја во кои се зачувани автохтоните семиња и од нив, со селекција, се произведува семе соодветно на наѓите микроклиматски услови, истакна Кратовалиева.

На состанокот стана збор и за проблемите на младите земјоделци во земјава, како и за предизивиците со кои се соочуваат.

Годишниот состанок на младите фармери традиционално, се одржува еден ден пред манифестацијата „Етно ден на млади фармери“ која утре ќе биде порганизирана во струмичкото село Габрово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП