3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзборот за вработување на 1.600 лица ќе биде транспарентен

Изборот за вработување на 1.600 лица ќе биде транспарентен

vrabotuvanje-mesto

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува утрешното јавно извлекување за вработување на 1.600 лица од социјални категории ќе се спроведе на транспарентен начин и оти работа ќе добијат оние кои најмногу и ја заслужуваат.

– Со оглед на фактот дека распределбата ќе биде пренесувана на телевизија и изборот ќе се изврши јавно, а јавноста ќе може да го следи, убеден сум дека ќе се спроведе на најдобар транспарентен начин и оти оние кои ќе добијат работа, ќе бидат лицата кои најмногу и заслужуваат, иако и сите други кои конкурирале спаѓаат во овие категории на граѓани, изјави денеска во Петровац вицепремиерот Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ставрески рече дека на овој начин Владата ќе им помогне на оваа категорија на граѓани во решавањето на нивниот социјален статус, а од друга страна ќе се надополни недостатокот на кадар во оние институции каде во меѓувреме се намалил бројот на вработени.

– Проектот на Владата за вработување на 1.600 лица од најсиромашните семејства е направен на транспарентен начин со една хумана цел во истовреме да се реши прашањето на вработување онаму кадешто  има потреба во јавниот сектор, а од друга страна ќе им се овозможи на оваа категорија граѓани кои најмалку имаат шанса да се вработат да дојдат до работно место, истакна вицепремиерот Ставрески.

Владата најави вработување на 1.600 социјални случаи распределени во четири категории – самохрани родители, лица кои подолго од 10 години се невработени, лица од многудетни семејства и лица кои во семејството немаат ниту еден вработен. На огласот се пријавени повеќе од 20 илјади граѓани, а компјутерското рангирање на каниддатите ќе се изврши утре со директен пренос на Македонската телевизија. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП