6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБидете умерени: Овие пет овошја имаат најмногу шеќер

Бидете умерени: Овие пет овошја имаат најмногу шеќер

Природниот шеќер е сигурно подобар од вештачкиот, но сигурно не сте ни претпоставувале колку шеќер внесувате во организмот додека јадете овошје.

Магазинот Women’s Health ни пренесува листа од пет овошја кои содржат голема количина на шеќер.

1. Азиска цреша

Со дури 29 грама шеќер по чаша, ова егзотично овошје е вистинска шеќерна бомба. Меѓутоа, ако го конзумирате во умерени количини, ќе добиете и повеќе од доволната дневна количина на калциум.

2. Смокви

Смоквите со причина делуваат како луксузно овошје – една чаша свежи смокви содржи иста количина шеќер како и едно чоколадце. Меѓутоа, за разлика од слатките, смоквите исто така се богати со влакна и калиум.

3. Манго

Мангото е вистинско летно овошје, а една чаша манго содржи околу 23 грама шеќер. Тоа ќе ви обезбеди и една третина од дневната потреба на вашиот организам за витамин А и така ќе ви помогне и во зачувувањето на здравјето на вашите очи.

4. Цреши

Една чаша цреши содржи 18 грама шеќер, па затоа не е ни чудно што често ги јадеме црешите како да се слатки. Добрата вест е дека со црешите подобро се спие.

5. Грозје

Една чаша црно или бело грозје содржи околу 15 грама шеќер, доста влакна, а црното грозје исто така е богато и со разни антиоксиданси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП