4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзески - Цоцос: Политиката не смее да биде пречка за бизнис соработката

Азески – Цоцос: Политиката не смее да биде пречка за бизнис соработката

azeski1

Една милијарда американски долари е економската размена со Република Грција. Јужниот сосед е втор наш партнер и најголем инвеститор. Ние сакаме оваа соработка и натаму да се зајакнува и да се продлабочува. Затоа ги поздравуваме и ги поттикнуваме добрите економски односи меѓу двете економии, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешната средба со претседателот на Регионалната комора на Пела, Јорданис Цоцос.

Азески и Цоцос во текот на разговорите ја истакнаа потребата од зајкнување на регионалната институционална и бизнис соработка на компаниите.

– Како економија и бизнис заедница не не засегаат политичките случувања. На идентичен поглед наидовме и кај претставниците на грчките партнери. Сметам дека можеме да соработуваме како добри соседи во многу сектори на економската размена и освојувањето трети пазари, рече Цоцос кој беше домаќин на средбата на регионалните комори од Битола и Воден.

Според него, има европски проекти што се однесуваат на двете држави, но постојат извесни пречки во нивната реализација и тие мора да бидат надминати во корист на двете држави и економии.

На средбата Азески беше информиран дека регионот Пела е најголем производител на овошје и зеленчук, со големи капацитети во преработувачката индустрија.

– Во овој  дел од Грција, како производството на овошје и зеленчук и развојот на преработувачките капацитети, се повеќе се развива и металната индустрија, а компаниите бараат и нови пазари. Европа не смее да биде единствената алтернатива, потенцира Цоцос.

Двајцата соговорници се согласија дека од посебна важност е развојот на индустријата, како клучна гранка на стопанскиот скетор и поттикнувач на економскиот развој.

Стопанската комора, како што истакна Азески, десетина години се залага тоа да биде приоритет.

– Мораме да ги убедиме нашите влади да се вратат кон поттикнување на развојот на индустриското производство. Ние сме мала земја и нашето економско опстојување мора да се потпре и на извозот и на индустријата, констатираа претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Регионалната комора на Пела Јоргос Цоцос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП