1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈачменот е намирница која може да ве ослободи од дебелината, дијабетес и...

Јачменот е намирница која може да ве ослободи од дебелината, дијабетес и срцевите болести

Оваа неверојатна намирница поседува специјален микс од диететски влакна кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот, нивото на шеќер во крвта и инсулинот.

Консумирањето на леб и други намирници направени од јачмен, би можело да ги реши проблемите со дебелината, болестите на срцето и дијабетесот, судејќи според најновото истражување.

„Изненадувачки е тоа што изборот на вистински влакна може во многу краток период да се покаже од голема здравствена предност“, тврди професорката Ан Нилсон од Универзитетот во Шведска.

Научниците од здрави лица побарале три дена да јадат леб направен од цели зрна јачмен за ручек, појадок и вечера.

По последниот оброк на крајот од секој ден, во рок од 11 до 14 часови, тестовите покажале дека метаболзмот им забрзал, а биле намалени и нивото на шеќер во крвта и инсулинот.

До ова доаѓа кога специјалниот микс од влакна во зрното од јачменот доаѓа до желудникот – стимулирајќи зголемување на добрите бактерии и ослободување на важни хормони.

Научниците се надеваат дека луѓето во иднина ќе започнат почесто да консумираат јачмен во сите свои оброци – салати, супи, гулаши, или како алтернатива за ориз и компир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП